Asus Padfone 2 - Таблет со смартфон

Објавено на 24.02.2013 во Рецензија



Asus Padfone 2 - Таблет со смартфон

Еден од најинтересните уреди кој ги спојува двете функции на најкористените гаџети во последните години е достапен на пазарот од неодамна. Asus Padfone 2 е наследник на првиот спој на смартфон кој преку докинг станица се претвора во таблет и има многу подобрувања во однос на дизајнот, поголем екран, како и подобрен хардвер, камера, софтвер и батерија. Да се поседува ваков мултифункционален уред е вистински сон на секој љубител на технологија, но прашање е колку ваквата идеја е добро реализирана во реалноста.



Генерални карактеристики
 
Имајќи во предвид дека Asus Padfone 2 лесно се трансформира од смартфон во таблет најмногу внимание ќе треба да се посвети на вкупната функционалност, отколку на поединечните карактеристики, а секако Asus ги заслужува сите пофалби за иновативноста и воведувањето на сосема нова категорија во мобилниот сегмент. Смартфонот поседува 4.7 инчен екран, додека таблет станицата има 10 инчи што е одличен избор на големина на екран, потоа има камера со сензор од 13 мегапиксели и одличен капацитет за снимање на HD видеа, а тука е и врвниот хардвер.


Смартфон функционалност
 
Asus Padfone 2 има Super IPS + HD екран со големина од 4.7 инчи и пристојна резолуција од 1280 х 720 пиксели што е сосема доволно за висок степен на густина на сликата од 312 ppi, добра изразеност на деталите, боите, контрастот и дисплејот речиси и да нема никаква проблеми при изложеност на директна дневна светлина или гледање од различни агли. Кај квалитетот на екранот на Asus Padfone 2 нема да најдете никакви замерки, секако тоа не е Full HD резолуција, но прикажаните резултати се и повеќе од задоволувачки.


 
Таблет функционалност
 
Asus направил многу повисок степен на функционалност кога е во прашање поврзувањето со докинг станицата за таблетот. Едноставно смартфонот се вметнува во лежиштето, бидејќи самиот таблет не може да работи самостојно. Исто така тој поседува 10.1 инчен IPS HD екран, со резолуција од 1280 х 800 пиксели и сопствена батерија. Екранот е заштитен со Corning Gorilla Glass и обезбедува убава детална слика. Смартфонот се сместува во задната страна на панелот, кој е изработен од квалитетен пластичен материјал, кој изгледа идентично како и сите премиум материјали, поседува одлична ергономија и речиси воопшто не се приметува дека има вметнато „уред во уред“. Единствена забелешка во дизајнот е што нема пристап до батеријата која не може да биде заменета.

The Padfone Station - Asus Padfone 2 Review The Padfone Station - Asus Padfone 2 Review

Хардвер
 
Asus Padfone 2 го поседува најдоброто кога се во прашање хардверските компоненти во овој момент, како што е четири-јадрениот 1.5GHz Qualcomm Snapdragon S4 Pro процесор, 2 GB RAM, графика Adreno GPU 320 со што е доведен на исто рамниште со најдобрите претставници од премиум сегментот. Нема сомневање дека ваквиот хардвер обезбедува врвна брзина, одличен графички перформанс и лесно користење на мултимедијалните содржини, гејмингот и мултитаскинг. Единствен недостаток е ограничената меморија од само 16 GB, без можност за надополнување преку мемориска картичка.



Поврзувањето кај Asus Padfone 2 се одржува преку веќе стандардните видови на конекции како Quad-band GSM/GPRS/EDGE подршка, 3G со HSPA и LTE  која обезбедува одлична брзина е достапна во зависност од пазарот. Тука има можност и за Wi-Fi и Mobile hotspot поврзување, GPS и Bluetooth, USB, DLNA и NFC за споделување на фајлови. Нема потреба да се истакнува дека брзината на отворање на интернет страници е огромна, а дополнителна предност е убавата графика која обезбедува високо ниво на навигација низ содржините.


Кориснички интерфејс

Asus во голема мера не го променил корисничкиот интерфејс на Android со неговата верзија 4.1.2 Jelly Bean, како многу други производители, туку го вметнал само потребното кога се во прашање прединсталирани сервиси и апликации. Виџетите на Asus кои ги имате на располагање само дополнително ја зголемуваат ефикасноста на системот, а истите се користат за многу важни системски операции на самиот уред. За пофалба е и нивниот изглед кој е модерен и прегледен.

The user interface of the Asus Padfone 2 - Asus Padfone 2 Review The user interface of the Asus Padfone 2 - Asus Padfone 2 Review The user interface of the Asus Padfone 2 - Asus Padfone 2 Review

Убавата страна на интерфејсот е што нема големи интервенции, па така во суштина ги добивате сите предности на Android 4.1.2 Jelly Bean. Треба да се истакне и функционалноста на системот за време на користење на таблет станицата, каде има дополнителни опции за мултитаскинг. Уредот нема никаков проблем при транзиција од апликација која е наменета само за таблет или обратно. Пишувањето на виртуелната тастатура со оглед на големата површина на екранот е ефикасно, но има мали проблеми со пртискање на одредени копчиња и навремена реакција.

The Onscreen keyboard of the Asus Padfone 2 - Asus Padfone 2 Review The user interface of the Asus Padfone 2 - Asus Padfone 2 Review The Onscreen keyboard of the Asus Padfone 2 - Asus Padfone 2 Review

Камера и Мултимедиа

Камерата со капацитет од 13 мегапиксели, f2.4 леќи и LED блиц е една од најопремените кај било кој уред моментално. Квалитетот ги оправдува бројките, а тука се на располагање и неколку опции во интерфејсот за подобра контрола. Постои и можност за снимање на видеа со HD квалитет кои имаат висок степен на стабилност.

Interface of the 13-megapixel shooter - Asus Padfone 2 Review Interface of the 13-megapixel shooter - Asus Padfone 2 ReviewInterface of the 13-megapixel shooter - Asus Padfone 2 Review

За менаџирање со мултимедијалните содржини достапен е само музичкиот и видео плеерот на Google, бидејќи како што споменавме погоре Asus не извршил многу интервенции во софтверот. Сепак, мала забелешка е што не подржува Xvid формат, додека може да гледате H264 видеа.

The music player is the good old Google Play Music - Asus Padfone 2 Review The music player is the good old Google Play Music - Asus Padfone 2 Review The music player is the good old Google Play Music - Asus Padfone 2 Review

Батерија

Батеријата од 2140 mAh e eдна од најиздржливите на пазарот, а исто така одлична енергија обезбедува и батеријата која е вградена во таблет станицата со уште поголем капацитет, така што нема да имате големи грижи и постојано барање на електричен приклучок за повторно полнење.


Заклучок
 
Ако го набљудувате Asus Padfone 2 само како смартфон практично ќе се уверите дека се работи за моментално еден од најмоќните уреди на пазарот, барем според неговите карактеристики. Како надопoлнување на добриот впечаток доаѓа и можноста да се трансформира во таблет, овозможувајќи ви истовремено да поседувате две парчиња квалитетна техника.



Asus Padfone 2 има навистина бројни подобрувања во однос на неговиот претходник во секој сегмент, како што е хардвер, софтвер, камера, батерија, а најважно од се е уште повеќе функционален кога се употребува како таблет бидејќи смартфонот лесно се вметнува во станицата со поголем екран. Единствена пречка за овој уред да добие масовна употреба е можеби неговата висока цена која е поставена на 800 долари без склучен договор, но ако тоа ви звучи многу треба да земете во предвид дека за тие пари добивате два уреда истовремено кои лесно се трансформираат во секој момент.

Asus Padfone 2 Review

Автор 
Христијан Станоевиќ